ПРИВАТНОСТ И КОЛАЧИЊА

Политика на приватност и за користење на колачиња

Наведете го името на Perfetti Van Melle Czech Republic, (во понатамошниот текст ПВМ) се грижи за Вашата приватност и е должна да ја заштити. Перфети Ван Меле може да собира лични информации од посетителите на www.mentos.com.mk.
Оваа веб-страница е управувана од ПВМ.
Оваа политика за приватност ги опишува видовите на информации што ги собираме, како ги користиме и заштитуваме.
Оваа политика Ви кажува што да правите, ако не сакате Вашите лични информации да се собираат кога ќе ја посетите нашата веб-страница и како можете да ги промените информациите што веќе сте ни ги доставиле.
Оваа политика на приватност не се однесува на плакати, лотарии и други реклами или промоции кои евентуално ги спонзорираме или во кои учествуваме на веб-страниците што ги поседуваат трети лица.

Контролор на податоци

Контролор на податоците во ваквите постапки е Перфети Ван Меле … од … (внеси целосен назив на компанијата ПВМ).

Видови лични податоци што се обработуваат

Податоци за навигација

Компјутерски-базираните системи и софтверските процедури што се вклучени во работата на оваа веб-страница, во текот на нивното нормално работење добиваат некои лични информации, чиј пренос подразбира користење на протоколи за интернет комуникација. Овие информации не се собираат за да придонесат за идентификација на некое лице, но, преку процеси и здружување на податоци во сопственост на трети лица, по сопствена природа може да дојде до идентификација на корисници. Во оваа категорија на податоци се вклучени ИП-адресите или имињата складирани во доменот на компјутерите што ги користат оние кои пристапуваат на веб-сајтот, адресите во URI (Uniform Resource Identifier) на потребните ресурси, времето на барање, методот што се користи за препраќање на барањето до серверот, големината на добиената датотека во одговорот, цифрениот код што ја покажува состојбата на одговорот даден од серверот (добро, грешка, итн.) и други параметри поврзани со оперативниот систем и структурата, како и состојбата на компјутерот на корисникот. Овие податоци се користат само за да се добијат анонимни статистички информации за користењето на веб-страницата и да се провери нејзиното правилно работење, а се бришат веднаш по обработката. Податоците може да се користат за да се испитаат одговорностите, дали евентуално постојат прекршоци за обработка на податоците против веб-страницата.


Лични податоци

Ние смееме да собираме лични податоци. Личните податоци се информации од кои може да се утврди Вашиот личен идентитет.
Обично, ова го вклучува Вашето име, улицата, името на екранот, адресата на електронската пошта, телефонскиот број и информациите за кредитната картичка. Ние смееме да собираме податоци што ни ги доставуваат корисниците само за да одговориме на поставените прашања и таквите податоци ќе бидат третирани во согласност со оваа политика и важечките закони.


Податоци што се доброволно дадени од страна на корисникот

Изборното, експлицитното и доброволното препраќање на лични податоци од корисникот преку формулари за регистрација, кои се присутни на оваа веб-страница, подразбира последователно стекнување на податоци што ги доставил испраќачот. Овие податоци ќе бидат обработени од ПВМ со цел да одговорат на потребната услуга и, ако ја дадете Вашата согласност, да Ви биде испраќан информативен и рекламен материјал по електронска пошта.


Заштита на деца

ПВМ е посветена на заштитата на приватноста на децата. Веб-страницата е дизајнирана и наменета за употреба од лица на возраст од над 16 години. Ако сте на возраст од 16 години, но под 18 години, треба да ги разгледате условите на оваа политика за приватност со оние кои ја имаат родителската одговорност за да бидете сигурни дека сте ги разбрале. Иако ние не сме одговорни за одредување на возраста на нашите корисници, сепак може некогаш да извршиме проверка.
Ако сте под 16 години (проверете ја оваа возрасна граница со одредбите од националните закони), сетете се дека Ви е потребна дозвола / одобрение од оние лица кои ја имаат родителската одговорност да ја користат оваа веб-страница за да стапите во контакт со нас, а со тоа да ги испраќате Вашите лични податоци.


Цел на обработка

Вие доброволно одлучувате дали сакате да ни ги доставите Вашите лични податоци. Во некои случаи се потребни лични податоци за да можат да извршуваат одредени функции. Низ веб-страницата може да Ви биде побарано да дадете лични податоци за да можете да се регистрирате за наградни игри или натпревари, да добивате информации или писма, да пополните анкета или да дадете коментар или да побарате нешто. Во овие случаи ПВМ користи скок-прозорец со информации за обработка на личните податоци и thickbox-компонента за да добие согласност. Ве молиме бидете сигурни дека ПВМ нема да собира никакви лични податоци, освен, ако не сте ги доставиле овие информации доброволно.
ПВМ ги користи Вашите лични податоци за онаа цел за којашто се собрани (на пример, да одговориме на Вашето барање, да се пријавите за натпревар или да Ви испратиме мостра). Исто така може да ги користиме за да ги подобриме нашите производи и веб-страници и да Ве контактираме во врска со други производи и услуги што може да ви бидат од интерес (вклучувајќи ги и оние кои можеме да ги понудиме заедно со други компании). Ние исто така можеме да ги споделиме, или да ги пренесеме на други компании во Перфети Ван Меле групацијата и на трети лица кои директно ги поддржуваат активностите на ПВМ и развојот на веб-страниците.
Ние може да ги дополниме информациите што ни ги доставивте со други информации што ги имаме или кои ги добиваме од трети лица. Ова го правиме за маркетинг цели за да обезбедиме повеќе насочени производи и услуги што ќе ги задоволат Вашите потреби.


Обработка

Важно е да знаете дека личните податоци се обработуваат во согласност со важечките закони за заштита на податоците. Личните податоци се обработуваат од страна на ПВМ, или од обработувач на збирка на лични податоци кој е директно назначен од страна на ПВМ, само не подолго од потребното време за остварување на целите за кои податоците се собрани или последователно обработени.
Се преземаат посебни безбедносни процедури за да се спречи ризикот од уништување или загуба на податоците, без разлика дали случајно или не, од неовластен пристап до податоците или од операции за обработка кои се или незаконски, или не се во согласност со целите за кои се собрани податоците. Во согласност со законот и со главните меѓународни стандарди, ПВМ презема и дополнителни безбедносни мерки за да ги минимизира ризиците во однос на доверливоста, интегритетот и достапноста на собраните и обработените лични податоци.


Споделување, комуникација и дистрибуција на податоци

Податоците што ги собираме може да се пренесат или да се достават до други компании во Перфети Ван Меле групацијата и трети лица кои директно ги поддржуваат активностите на ПВМ и развојот на веб-страниците. Понекогаш, ПВМ придружува трети лица за обработка и анализа на податоците. Освен наведените случаи, податоците нема да бидат обелоденети ниту дадени на никого, освен ако тоа не е во согласност со договорните и законските обврски, или корисниците за тоа дале нивна согласност.
ПВМ и нејзините трети лица, т. е. обработувачи на збирки на лични податоци ќе ги пренесат и обработуваат Вашите лични податоци, преземајќи ги соодветните мерки за одржување на безбедноста на личните податоци.


Права на субјектот на податоците

ПВМ го известува корисникот дека има право да побара пристап до и исправка или бришење на неговите / нејзините лични податоци, или ограничување односно приговор за обработка, како и право на преносливост на податоците, или да ја повлече согласноста дадена до ПВМ, на начин што писмено ќе се обрати до Perfetti van Melle Czech Republic, s.r.o., Tomíčkova 9, 148 00 Praha, Czech Republic или со испраќање на е-пошта до pvmdpo@it.pvmgrp.com до офицерот за заштита на личните податоци, а секогаш да зачувате копија од документот или кој било друг документ како доказ.
ПВМ го задржува правото во секое време да ја верификува вистинитоста на личните податоци што ги дава учесникот, како и возраста и идентитетот на победниците пред да продолжат со доставувањето на наградите.


Колачиња

Колачињата се текстуални датотеки поставени на дискот на Вашиот компјутер преку сервер на веб-страници. Перфети Ван Меле користи колачиња за да ги направи нашите страници полесни за користење и подобро да ги прилагоди нашите производи на Вашите интереси и потреби. Колачињата исто така може да се користат за да помогнат во забрзувањето на идните активности на нашата страница. На пример, веб-страницата може да препознае дека сте дале лични податоци и да се воздржи од барање на истите информации по втор пат.
Ние исто така можеме да користиме колачиња за да собереме информации за Вашиот компјутер, како што е Вашата ИП-адреса (број доделен на Вашиот компјутер секогаш кога пребарувате на Интернет), или типот на интернет пребарувач или оперативен систем што го користите и да ги поврзе овие со Вашите лични податоци. Ова го правиме за да бидеме сигурни дека нашите веб-страници го нудат најдоброто веб-искуство за Вас и се ефективни информативни ресурси.
За чување на овие колачиња Перфети Ван Меле користи скок-прозорец со информации за колачињата и thickbox-компонента за добивање согласност. Можете исто така да ги оневозможите колачињата во поставките на Вашиот веб-прелистувач. Одбивањето колачиња на страницата на која сте пристапиле може да резултира со неможност да посетувате одредени области на страницата, или да не примате персонализирани информации кога ќе ја посетите веб-страницата.


Гугл аналитикс

Веб-страниците може да користат алатки за веб-аналитика, како што се Гугл аналитикс и/или Уника, за да ги следат Вашите интеракции со некоја страница и да зачувуваат информации, како што се времето кога сте ја посетиле, без разлика дали сте ја посетиле претходно и од која страна Ве упатиле. Статистика за мерење на веб-страница може да се користи за персонализација на Вашето искуството на веб-страницата, како и за анонимно и агрегирано проценување на статистиката за активностите на веб-страницата. Ние ги користиме овие информации за да ја измериме ефективноста на нашето присуство на интернет и да составиме статистички извештаи.
Кога го користиме Гугл аналитикс, добиените информации можеме да ги споделиме со Гугл за да му помогнеме да ги подобри своите производи и услуги. Ниту ние, ниту Гугл не смее да ја користи (или да овласти трето лице да ја користи) оваа алатка за да ги следи, или собира личните податоци за Вас, или да ги поврзува Вашите лични податоци со податоците на Гугл аналитикс.


Пикселски ознаки

Некои од страниците што ги посетувате, исто така, можат да соберат информации преку употреба на пикселски ознаки (исто така наречени јасни графички формати) кои можат да се делат со трети лица, кои директно ги поддржуваат промотивните активности на ПВМ и развојот на веб-страницата. На пример, информациите за користењето на веб-страница за посетителите на нашите веб-страници може да се споделат од трети лица со нашата рекламна агенција за подобро насочување на интернет плакатите на ПВМ веб-страниците. Информациите собрани преку употребата на овие пикселски ознаки, сепак, не се лични, иако може да бидат поврзани со Вашите лични податоци.


Промени во тековната политика за приватност

ПВМ редовно ја проверува сопствената политика за приватност и сигурност и, ако е потребно, ја приспособува во согласност со измените воведени со законот, организацијата или технолошката еволуција. Секоја промена на наведената политика ќе биде објавена на оваа страница.

Споделете со пријателите