ПРАВНА НАПОМЕНА
Сопственикот на оваа веб-страница www.mentos.com.mk („веб“), е –наведете го името на Perfetti van Melle Czech Republic, s.r.o. ПВМ ОЦ - (“ПВМ”), компанија којашто ѝ припаѓа на ПЕРФЕТИ ВАН МЕЛЕ ГРУПАЦИЈАТА (“ПВМ ГРУПАЦИЈА”), со следните податоци за идентификација:
Седиште: Tomíčkova 9, 148 00 Praha 4, Czech Republic
ДАНОЧЕН БРОЈ: CZ63666570
Телефон: +420 244 466 500
Детали за уписот: C 37371 pri Občinskem sodišču v Pragi
Пристaпување на веб-страниците
Оваа правна напомена го регулира корисникот (“корисник”), пристапувањето и користењето на веб-страницата со цел да му обезбеди информации на корисникот во врска со ПВМ ГРУПАЦИЈАТА, ПВМ, неговите производи, активности и промоции.
Со пристапувањето и користењето на веб-страницата, корисникот ги прифаќа условите од оваа Правна напомена, Политиката за приватност и за користењето на колачињата1 и Политиката користење на колачиња2 на веб-страницата.
Пред да ја користи веб-страницата, корисникот мора внимателно да ги прочита Правната напомена и Политиките за приватност и за користењето на колачињата, со оглед на тоа дека тие може да бидат прилагодени и/или изменети во секое време. Ако корисникот не ги прифати условите од Правното известување, тој / таа не може да ја користи веб-страницата или нејзината содржина.
Употреба и функција на веб-страницата
Корисникот се согласува совесно да ја користи веб-страницата и информациите содржани во неа, бидејќи тој / таа подлежи на важечките прописи и на оваа Правна напомена, како и на сите други неопходни услови што ПВМ ќе ги наметне за таа цел на веб-страницата.
Понатаму, корисникот не смее да изврши какво било дело со намера да ja оштети, да ја злоупотреби и / или да ја преоптовари веб-страницата или да го спречи во каква било форма нејзиното нормално користење и функционирање.
Корисникот е информиран дека, ако не ги почитува Политиката за приватност или Политиката за користењето на колачиња или, ако не се исполнети други релевантни услови или услови наведени во веб-страницата, ПВМ го задржува правото да го ограничи, суспендира и / или прекине пристапот на корисникот до веб-страницата, користејќи ги потребните техничките мерки за тоа.
ПВМ се залага веб-страницата постојано да работи добро, да се избегнуваат грешки или, ако е неопходно, да се поправат, а веб-содржините да бидат соодветно ажурирани. Сепак, ПВМ не гарантира достапност или континуитет во веб-пристапот, ниту постоење на грешки во неговата содржина, или дека тие се ажурираат соодветно.
Одговорност
Пристапот до веб-страницата и користењето на било која информација или механизам содржани во неа, се врши под исклучива одговорност на корисникот.
Компанијата ПВМ не е одговорна за каква било штета и / или загуба што може да произлезе директно или индиректно од пристапот до или од користењето на информациите содржани во веб-страницата, а особено за сите информации што се однесуваат на трети лица различни од ПВМ, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на оние кои се произведени од оперативни системи или предизвикани од вируси и / или напади на системот. Исто така, ПВМ не е одговорна за штета што може да ја претрпи корисникот поради несоодветна употреба на веб-страницата, проблеми со сервисите или со покриеноста, со прекините, со недостатоците или дефектите во комуникациите и / или со интернет комуникациите.
Понатаму, ПВМ не е одговорна за каква било штета и / или загуба на софтверот на корисникот и / или хардверот кој произлегува од пристапот и користењето на веб-страниците.
Корисникот е одговорен за штета или загуба од која било природа што ПВМ може да ја претрпи како резултат на прекршување на која било од обврските на кои е подложен корисникот во согласност со оваа правна напомена, сите други услови утврдени на веб-страницата и / или применливото законодавство.
Политики за врски (линкови)
a) Врски до веб-страницата
Секое трето лице кое има намера да постави врска до веб-страницата (“Поврзана веб-страница“) мора да добие претходна согласност во писмена форма од страна на ПВМ, да се придржува кон постојните закони и во никој случај да не може да ги чува сопствените или содржините од трети лица кои: (i) се незаконски, штетни, насилни, расистички, дискриминирачки, деградирачки, поврзани со полот, итн.; и / или (ii) се недолични или несоодветни во врска со активностите на ПВМ.
Врската во никој случај не значи дека ПВМ поддржува, промовира, гарантира, надгледува и / или препорачува содржина и / или услуги на поврзаната веб-страница, ниту е одговорна за содржината што се наоѓа во неа.
Во случај на непочитување на кој било од горенаведените услови, ПВМ веднаш ќе продолжи со повлекување на согласноста добиена од поврзаната веб-страница, која ќе биде обврзана да ја избрише врската.
b) Врски до други веб-страници
На веб-страницата може да бидат вклучени и други врски кои му овозможуваат на корисникот да пристапи до други веб-страници ("Поврзани веб-страници").
Постоењето на поврзаните веб-страници во никој случај не значи дека претставува препорака, промоција, идентификација и / или усогласеност од страна на ПВМ за изјавите, содржината и / или услугите обезбедени преку поврзаните веб-страници. Како последица на тоа, ПВМ не е одговорна за содржината и другите услови на поврзаните веб-страници и затоа корисникот е единственото лице одговорно за нивна проверка и прифаќање по секој пристап и секоја употреба.
Интелектуална сопственост
Сите права на интелектуална сопственост во врска со дизајнот, базите на податоци, основните компјутерски програми (вклучувајќи ги и изворните кодови), како и различните елементи што ја сочинуваат веб-страницата (текстови, графика, фотографија, видеа, звучни снимки, комбинации на бои итн.) (“содржини „), како и структурата, селекцијата и нивната подреденост се во сопственост на ПВМ, на ПВМ групацијата или нејзините даватели на лиценци. Секое лого што е вклучено во веб-страницата (како што се трговските марки и / или дизајнот, но ограничувајќи се само на нив), се сопственост на ПВМ, ПВМ групацијата или нејзините даватели на лиценци.
Употребата на веб-страницата не подразбира доделување на било какви права преку веб-страницата или нејзината содржина.
На корисникот му е строго забрането да репродуцира, трансформира, дистрибуира, јавно да комуницира, да го става на располагање, да извади и / или да направи каква било друга форма на неовластена дифузија или употреба на веб-страницата, нејзината содржина и / или на ПВМ логото.
Неовластената употреба на содржината, веб-страницата и / или ПВМ-логото, како и сите штети направени во правата на интелектуална сопственост на ПВМ / или ПВМ групацијата може да доведат до примена на соодветните правни дејства и одговорности кои можат да произлезат од истите.
Салваторна клаузула
Ако некоја од одредбите од оваа правна напомена се прогласи за целосно или делумно, ништовна или неважечка, ова анулирање или поништување би влијаело само на одредбата или делот од неа за кој станува збор, додека сè друго останува да важи, само земајќи ја предвид одредбата или делот од неа што е засегнат. За таа цел, само поништена или неважечка одредба од оваа правна напомена ќе биде исклучиво неважечка, а ниеден друг дел или одредба од неа нема да биде ништовен, неважечки, повреден или погоден поради издвојувањето или поништувањето, освен во случај кога станува од суштинско значење за целосно и интегрално влијание врз оваа правна напомена.
Споделете со пријателите